close
Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 163.213 статии на македонски јазик и 271 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија
Image

Александар Ончев Мартулков, познат по псевдонимот Бизмаркмакедонски револуционер и политичар. Меѓу првите пропагатори на социјализмот во Македонија. Деец на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание. Член и раководител на ВМРО (Обединета) во 1930-тите.

Роден во сиромашно работничко семејство, стекнал више образование во Скопското педагошко училиште. Во 1894 година се приклучил во социјалистичкото движење со поттик од Васил Главинов. Како член на Македонската социјалистичка група, учествувал во првото празнување на ден на трудот во Бугарија. Во 1900-тите соработувал со Велешкиот револуционерен реон и Иван Аљабакот. Во 1906 година се преселил во Софија каде се приклучил во Бугарската комунистичка партија. Учествувал во политичкото управување на Македонија по Младотурската револуција.

За време на Првата светска војна, го основал Комитетот на дезертери каде префрлил македонски борци од српската војска во Царството Бугарија. Во текот на војната бил секретар на Општина Оморани и подоцна чиновник во Косово и Метохија. По војната се приклучил во Емигрантскиот комунистички сојуз и Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“. Во 1931 година бил одбран за пратеник во народното собрание на Бугарија, заедно со Христо Трајков. Во 1932 година почнал со издавањето на весникот „Македонско знаме, следната година доживеал неуспешен обид на атентат од Михајловистите. На 8 јули 1936 година, го осудиле Мартуков заедно со останатите членови на ЦК на ВМРО (Обединета).

Учествувал во Народноослободителната борба. Во 1944 година се приклучил во Президиумот на АСНОМ и подоцна во народното собрание на НР Македонија. Помогнал со спроведување на Илинденската пензија и подоцна доделување на Илинденската споменица. Во 1954 година ги објавил неговите спомени насловени Моето учество во револуционерните борби на Македонија. Во текот на 1960-тите, Лазар Колишевски го изолирал Мартулков од секојдневните политички функции. Незадоволен со режимот, се преселил во Народна Република Бугарија каде починал. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 22 јули 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1099  Прва крстоносна војна: Годфрид Бујонски е избран за прв Бранител на Светиот Гроб на Ерусалимското Кралство.
1456  Унгарскиот регент Јанош Хуњади ја пробил опсадата на Белград и им нанел тежок пораз на Отоманските освојувачи предводени од Мехмед II.
1894  Првата воопшто моторизирана трка се одржала во Франција, на 128-километарски пат помеѓу Париз и Руан. Победил Албер де Дион, основачот на Тур де Франс.
1908  Младотурците ја презеле власта во Битола и ги ослободиле сите затвореници.
1933  Американскиот воздухопловец Вили Пост го извел првото самостојно летање со авион околу Земјината топка. Прелетал 25.000 километри со 14 застанувања за 7 дена, 18 часа и 45 минути.
1948  Во Скопје, со одлука на Владата на НРМ, е основан Институтот за национална историја.
1962  Пропадна првиот американски обид за лансирање автоматска сонда на Венера. Ракетата лансирана од Кејп Канаверал на Флорида ја промени насоката и по неколку минути експлодира.
1992  Најголемиот колумбиски производител и трговец со дрога Пабло Ескобар побегнал од затвор. Убиен е во декември следната година во Медељин, во престрелка со полицијата.

Родени:

356 п.н.е.  Александар III Македонски — една од најпознатите личности на стариот век, војсководец и државник. Го поразил огромното Персиско Царство и во своите походи стигнал до Индија.
1210  Јована Англиска — кралица на Шкотска.
1784  Фридрих Вилхелм Беселгермански астроном и математичар.
1822  Грегор Менделавстриски ботаничар и генетичар.
1882  Едвард Хопер — американски сликар.
1888  Селман Ејбрахам Ваксманамерикански микробиолог, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1952 година.
1894  Оскар Марија Графгермански писател.
1916  Марсел Сердан — француски боксер.
1941  Џорџ Клинтон — американски фанк-музичар.
1944  Ананд Сатјананд — генерален гувернер на Нов Зеланд.
2025  Рик Дејвис — британски рок-музичар, член на групата Супертремп (Supertramp).
1946  Дени Гловер — американски глумец.
1946  Пол Шредер — американски режисер.
1947  Дон Хенли — американски поп-рок музичар, член на групата Иглс (Eagles).
1949  Ласе Вирен — фински атлетичар.
1956  Мајкл Спинкс — американски боксер, поранешен светски првак.
1969  Деспина Ванди — грчка пејачка.
1969  Данира Билиќ — хрватска и југословенска кошаркарка.
1983  Дрис Девенинс — белгиски велосипедист.
1991  Кени Елисонд — француски велосипедист.
1991  Анте Будимир — хрватски фудбалер.
1992  Селена Гомес — американска пејачка.
1998  Федерико Валверде — уругвајски фудбалер.
1998  Марк Кукуреља — шпански фудбалер.
2013  Џорџ Велшки — син на во британскиот престолонаследник Вилијам и принцезата Катерина

Починале:

1461  Шарл VII Победникотфранцуски крал.
1676  Климент X — римски папа.
1822  Наполеон IIфранцуски крал.
1926  Фридрих Визер — австриски економист.
1934  Џон Дилинџерамерикански криминалец.
1967  Лајош Касак — унгарски писател и сликар.
1968  Павлос Гипарис — грчки офицер.
1979  Шандор Кочишунгарски фудбалер.
1990  Асан Керим — македонски и југословенски политичар.
2025  Ози Озборн — англиски пејач, член на рок-групата Блек сабат.
Издвоен цитат
Image

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот
Image
Статуа на Марија Магдалена во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Хифинген, Германија.
Дали сте знаеле...


Снимка на MoM-z14
Снимка на MoM-z14


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 163.213 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Image Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Image Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Image Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Image Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Image Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Image
Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Image
Викиизвор — збирка на дела и книги
Image
Викивести — вести од светот
Image
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Image
Викицитат — збирка на цитати
Image
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Image
Викивидови — именик на видови
Image
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Image
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Image
Википодатоци— база на слободни знаења
Image
Википатување — туристички водич